Terms of Use

Услови за користење

Објавено на 25 мај, 2018 година

Веб - страницата www.mk.skechers.com/mk („страницата“) е сервис на Skechers CEE, Kft. подружница во целосна сопственост на Skechers U.S.A., Inc. („Skechers“). Овие услови за користење, заедно со сите други услови кои може да се појават одвреме-навреме на страницата (колективно „Услови“), ги утврдуваат условите под кои можете да пристапите и да ја користите страницата.

СО ПРИСТАПУВАЊЕ ДО СТРАНИЦАТА, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ. АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ (БЕЗ МОДИФИКАЦИЈА), НЕМАТЕ ОДОБРУВАЊЕ ДА ПРИСТАПИТЕ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН ДА ЈА КОРИСТИТЕ СТРАНИЦАТА.

Претставувате и гарантирате дека имате наполнето најмалку 16 години или дека ја посетувате страницата под надзор на родител или старател.

Ако имате прашања во врска со страницата, овие услови или ако ви треба услуга за клиенти, контактирајте не на:

Skechers CEE Kft

Revesz Street 27

1138 Budapest

Hungary

+361/500-8400 (Понеделник - Петок 8:00 ч. до 17:00 ч.  Пацифичко време)

Адреса на е-пошта:

SKECHERS USA, Inc. Customer Service
228 Manhattan Beach Blvd.
Manhattan Beach, CA 90266

800-746-3411 (Mon-Fri 8:00am to 5:00pm Pacific Time)
E-MAIL ADDRESS of local customer service.

Авторски права

Целата содржина вклучена во оваа страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текстот, сликите или кодот е авторско право како колективна работа под законите за авторски права на Соединетите Американски Држави и други закони за авторски права и се сопственост на Skechers. Колективната работа вклучува работа лиценцирана за Skechers USA, Inc. II Copyright 2018, СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ. Се дава дозвола за електронска копија и/или печатена копија од делови од страницата за единствена цел на вршење нарачка на страницата. Можете да прикажете и, предмет на кои било изрично наведени рестрикции или ограничувања поврзани со конкретен материјал, преземен или испечатен дел од материјалот од различни области на страницата само за Ваша некомерцијална употреба, или за вршење нарачка од страницата за купување на производите на Skechers. Строго се забранува секоја друга употреба, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на репродукција, дистрибуција, прикажување или пренос на содржината на страницата. Исто така, се согласувате да не ги менувате или бришете материјалите преземени или испечатени од страницата и не смеете да ги користите илустрациите, фотографиите, видео или аудио секвенците или кои било слики посебно од придружниот текст. Статусот на Skechers’ (и статусот на сите идентификувани придонесувачи) како автори на содржината на страницата мора секогаш да бидат признаени. Ако испечатите, ископирате или преземете кој било дел од страницата и ги прекршите овие услови за користење, Вашето право да ја користите страницата престанува веднаш и мора да ги уништите сите копии од материјалите кои сте ги направиле.

Трговски марки/интелектуална сопственост

Сите трговски марки, сервисни марки и трговски имиња на Skechers кои се користат на страницата (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на името Skechers) се трговски марки или регистрирани трговски марки на Skechers SARL. Тие не смеат да се користат без претходна писмена дозвола од Skechers. Секоја друга интелектуална сопственост на страницата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на патенти, издадени или претстојни, се единствена сопственост на Skechers SARL и/или неговите сопственици на лиценца.

Линкови

Онаму каде што страницата содржи линкови до други страници и ресурси дадени од трети лица, овие линкови се даваат само за Ваша информација. Таквите линкови не треба да се толкуваат како одобрение на Skechers за тие поврзани веб - страници или информации кои можете да ги добиете од нив. Skechers нема контрола над содржината на тие страници или ресурси.

Откажување од гаранција

 

Имајте предвид дека Skechers ја обезбедува страницата само за домашна и приватна употреба. Се согласувате да не ја користите страницата за кои било комерцијални или деловни цели, и Skechers нема одговорност кон Вас за која било загуба или добивка, загуба на бизнис, прекин на бизнис, или загуба на деловна можност.

Skechers не ја исклучува или ограничува одговорноста кон Вас онаму каде што не би било законски да се стори тоа. Ова вклучува одговорност за смрт или повреда предизвикана од небрежност на Skechers или за измама или измамничко погрешно претставување.

Вируси

 

Skechers не гарантира дека страницата е безбедна од вируси или без вируси. Вие сте одговорни за конфигурирање на вашата информатичка технологија за пристапување до страницата. Треба да користите сопствен софтвер за заштита од вируси.

Не смеете да ја злоупотребувате страницата со намерно воведување материјали кои се технолошки штетни, вклучувајќи вируси, тројанци, црви или логички бомби. Не смеете да се обидувате да добиете неовластен пристап до страницата, серверот на кој се чува страницата или кој било сервер, компјутер или база на податоци поврзани со страницата. Не смеете да ја напаѓате страницата преку напад за одбивање услуга или дистрибуиран напад за одбивање услуга.

Користење на поднесените информации

 

Се согласувате дека Skechers е слободна да користи какви било коментари, информации или идеи содржани во која било комуникација која можете да ја испратите до страницата без известување, надомест или признание за вас за која било цел, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на развивање, производство и пласирање производи и услуги и креирање, модифицирање или подобрување на страницата или други производи или услуги. До оној степен до кој е потребно, и давате на Skechers лиценца да ја користи таа содржина.

Откажување од учество / користење рестрикции

 

Skechersне ги прегледува и не може да ги прегледува сите комуникации и материјали ставени или креирани од корисниците кои пристапуваат на страницата и на ниту еден начин не е одговорна за содржината на овие комуникации и материјали. Признавате дека со тоа што Ви дава способност да гледате и дистрибуирате содржина генерирана од корисници на страницата, страницата постапува само како пасивен канал за таквата дистрибуција и не презема никаква обврска или одговорност поврзани со која било содржина генерирана од корисници или активности на страницата. Ставовите изразени од други лица на нашата страница не претставуваат наши ставови и вредности.

Не смеете да ставате или на друг начин да дистрибуирате содржина на страницата која Skechers, по сопствена дискреција, утврдува дека е наменета за злоупотреба, вознемирување, заканување, омаловажувачка, вулгарна, претставување како други лица, измамничка, заблудувачка, прекршување на авторско право, трговска марка или друго право на интелектуална сопственост или друго, инвазивна во правата на приватност или публицитет, прекршува кои било други права на Skechers или на друга страна,  незаконска, или на друг начин сомнителна за Skechers. Не смеете да прикажувате комерцијална содржина на страницата или да ја користите страницата за ангажирање други лица да се вклучат или да станат членови на кој било друг комерцијален онлајн - сервис или друга организација. Гарантирате дека кој било таков пост или дистрибуција е во согласност со горенаведените стандарди, и ќе бидете одговорни пред Skechers. Доколку е во согласност со законот, Skechers може да го открие вашиот идентитет на трето лице кое тврди дека која било содржина ставена или прикачена од Вас на страницата претставува кршење на нивните права од интелектуална сопственост, претставува кршење на доверливите информации или е омаловажувачка.

Обесштетување

 

Се согласувате да ја обесштетите, одбраните, и заштитите Skechers, нејзините службеници, директори, вработени, застапници, сопственици на лиценца и снабдувачи од и против сите загуби трошоци, штета и трошоци, вклучувајќи разумни адвокатски давачки, кои резултираат од кое било кршење на овие услови или која било активност поврзана со вашата интернет - сметка (вклучувајќи небрежно или лошо однесување) од Вас или од кое било друго лице кое пристапува на страницата користејќи ја Вашата интернет - сметка.

Прекинување и влегување на прекинувањето во сила

 

Овие услови важат за Вас од Вашето пристапување на страницата. Skechers го задржува правото по своја дискреција да го прекине или ограничи Вашето користење на страницата, без известување, од која било причина или без причина и без одговорност кон Вас или кон кое било трето лице. Покрај тоа, овие услови или кој било дел од нив може да бидат прекинати или модифицирани од Skechers без известување во секое време и од која било причина. Одредбите поврзани со Авторски права, Трговски марки, Откажување, Ограничување на одговорност, Обесштетување и Разно, продолжуваат да важат по кое било прекинување.

Мериторно право и надлежност

Овие услови се регулирани со англиските закони и можете да покренете законски постапки во врска со нив во англиските судови.

Алтернативното решавање спорови е процес каде што независно тело ги разгледува фактите на спорот и настојува да го реши без да мора да се оди на суд. Европската платформа за решавање онлајн спорови (The European Online Dispute Resolution (ODR) Platform) е достапна овде. Ние не сме обврзани да користиме алтернативно решавање спорови и во моментов не го применуваме.