Privacy Policy

Политика за приватност

Објавено на 25 мај 2018 година

 

Општи информации

Skechers CEE, Kft., и нејзините матични компании, Skechers S.A.R.L. и Skechers USA, Inc. („Skechers“, „ние“, „наши“), сериозно е посветена на заштита на Вашата приватност и обезбедување безбедно онлајн - искуство за сите наши корисници, истовремено нудејќи им најквалитетно корисничко искуство.  Бидејќи собираме одреден тип информации за Вас и од Вас со цел да ги исполниме Вашите барања, сметаме дека треба целосно да ги разберете условите околу собирањето и користењето на овие информации.  Политиката за приватност открива кои информации ги собираме, како ги користиме, како да ги коригирате или промените и кои чекори ги преземаме за да ги заштитиме личните информации кои ни се даваат онлајн и офлајн.  Имајте предвид дека некои од нашите веб - страници подлежат на посебни политики за приватност. Ве советуваме секогаш да ја проверувате политиката за приватност на секоја веб - страница која ќе ја посетите за да се осигурете дека ја разбирате политиката за приватност што ја регулира таа веб -страница.  Ве молиме прочитајте ја целосната политика за приватност подолу, како и нашите услови доколку е применливо.  Ако имате прашања, контактирајте не на:

Skechers CEE Kft

Revesz Street 27

1138 Budapest

Hungary

+361/500-8400 (Понеделник - Петок 8:00 ч. до 17:00 ч. )

Адреса на е-пошта: PrivacyInt@skechers.com

Службеник за заштита на податоци на Skechers: Frederic Pariente

Главен надзорен орган : Information Commission’s Office – United Kingdom

Skechers CEE, Kft., е контролор на податоци за www.skechers.mk („веб -страница“). Меѓутоа, Skechers S.A.R.L. во Швајцарија и Skechers U.S.A., Inc. во Соединетите Американски Држави се обработувачи на информациите собрани од веб - страницата.  Ако се согласите Skechers да ги собира и обработува вашите податоци на страницата за преференции и ако ги поднесете вашите лични податоци на веб - страницата, вие се согласувате со овој пренос, чување и обработување.

Како ги собираме информациите

Постојат многу начини на кои Skechers добива информации од Вас:

  • Преку регистрирање на која било веб - страница на Skechers
  • Од информации кои ни се дадени од Вас кога сте купиле онлајн или во продавница
  • Кога сте влегле во Skechers натпревар, или наградна игра
  • Кога сте се регистрирале за Skechers Elite
  • Кога сте се регистрирале за Skechers настан
  • Автоматски преку користењето технологии за автоматско собирање податоци

 

Информации кои ги собираме

Кога се регистрирате за добивање на нашите новости по е-пошта, кога влегувате во Skechers натпревари или наградни игри, или кога се регистрирате за програмата Skechers Elite™, ќе треба да ни обезбедите Ваше:

  • Име,
  • адреса на е-пошта
  • телефонски број (незадолжително), и
  • потврда дека имате наполнето најмалку 16 години.

Можете да ги смените вашите преференции за да престанете да добивате маркетинг комуникации во секое време со користење на опцијата за откажување на претплата која е достапна во долниот дел на сите маркетинг пораки испратени по е-пошта.  Исто така, можете да побарате да ги избришеме Вашите податоци и/или да Ви испратиме примерок од Вашите податоци така што ќе контактирате со службата за клиенти на Skechers на контакт -информациите дадени погоре.

 

За да им обезбедиме на корисниците и претплатниците најефикасна и квалитетна услуга и за подобро да ги разбереме вашите преференции, може да побараме информации за Вашиот пол, преференции за купување и интерес за производи.  Исто така, потрошувачите можат да ги специфицираат преференциите за добивање е-пошта.  Целосно е до Вас дали ќе ги обезбедите овие информации.

Skechers ќе ги чува информациите кои се дадени за маркетинг цели осумнаесет (18) месеци.

Кога ќе купите нешто преку веб - страницата, исто така, ќе треба да ни ја дадете Вашата:

  • адреса за испраќање,
  • адреса за фактура (доколку е различна), и
  • телефонски број

за да можеме да го процесираме Вашето плаќање и да Ве контактираме во случај да има проблеми со испораката.  Овие информации се потребни за да се обработи Вашата нарачка, да се обработат вратените производи или производите за замена, како и за внатрешната сметководствена евиденција.  Skechers ги чува овие информации три (3) години.

Ако го контактирате нашиот сектор за услуги за клиенти, можеби ќе треба да ни дадете дополнителни информации за да можеме да одговориме на Вашите прашања што е можно поцелосно.

Исто така, Skechers користи технологии за автоматско собирање податоци за да собере нелични идентификациски информации кои се однесуваат на општата употреба на нашата веб - страница.  Технологиите кои ги користиме за ова автоматско собирање податоци може да вклучува колачиња и веб - сигнали.  Некои колачиња може да се исклучат со користење на алатката за колачиња.  Ве молиме разгледајте ја нашата Политика на колачиња овде: www.mk.skechers.com/mk/Политика за колачиња за дополнителни детали за тоа како Skechers ги користи колачињата и други слични технологии.

Следење на однесувањето

Skechers може да користи технологии за автоматско собирање податоци за да собира информации за вашите онлајн - активности со текот на времето и на веб - страници на трети лица или други онлајн -сервиси (следење на однесувањето). Ве молиме разгледајте ја нашата Политика на колачиња овде: www.mk.skechers.com/mk/Политика за колачиња за дополнителни детали за тоа како Skechers ги користи овие и други слични технологии

Како реагираме на сигналите за неследење

Иако некои прелистувачи нудат опција „не следи“ за да можете да побарате од веб - страниците кои ги посетувате да не ги следат Вашите онлајн -активности, нашата веб - страница во моментов не е подесена да одговори на сигнали за неследење.  Ве молиме разгледајте ја нашата Политика на колачиња овде: www.mk.skechers.com/mk/Политика за колачиња за дополнителни детали за тоа како Skechers ги користи колачињата и други слични технологии.

Како ги користиме информациите

Сите лични информации кои ги добиваме за Вас ќе бидат евидентирани, користени и заштитени од нас во согласност со оваа Политика за приватност.

Ќе ги користиме Вашите лични  информации за да Ви пласираме и да обезбедиме производи и услуги, конкретно:

  • За да Ви ја презентираме веб - страницата и нејзината содржина.
  • Да спроведеме натпревари, наградни игри, промоции, анкети и други опции на страницата и да Ви обезбедиме релевантни производи или услуги (на пример, за да доставиме награда која можеби сте ја добиле на натпреварот).
  • За да Ви испратиме информации преку е-пошта за производи, понуди и вести кои сметаме дека може да Ве интересираат. Ова го испраќаме само ако сте избрале да добивате пораки од Skechers по е-пошта.  Ако ни ја дадете Вашата адреса на е-пошта преку веб - страницата на Skechers или преку мобилна апликација (на пример, со регистрирање за да добивате наши пораки по е-пошта или регистрирање за програмата Skechers Elite™) или со контактирање на нашиот сектор за услуги за клиенти и ако специфично побарате да бидете додадени на нашата листа за е-пошта, Вие сте избрале да добивате пораки од Skechers по е-пошта.  Можете да излезете во секое време со опцијата за прекинување на претплатата која е достапна во долниот дел на сите маркетинг - пораки по е-пошта.
  • За исполнување и испорачување на сите нарачки направени преку нашата веб - страница.
  • За извршување на нашите обврски и спроведување на нашите права кои произлегуваат од договори склучени меѓу Вас и нас, вклучувајќи договори за сметки и наплата.
  • За да Ве известиме околу промените на нашата веб -страница или нашите политики.
  • За да ги анализираме посетите на веб - страницата и да дознаеме за интересите на нашите посетители вкупно, и подобро да ги разбереме Вашите лични интереси и потреби, за да можеме да ги подобриме нашите производи и услуги и да доставиме содржина, опции и промоции за кои сте најмногу заинтересирани.

 

Информациите добиени од онлајн регистрација се користат за подобрување на Вашето купувачко искуство со Skechers така што Ви се овозможува да добивате поени за награда, да платите побрзо за купувањето и/или да изберете да добивате промотивни пораки по е-пошта, кои Ви обезбедуваат најнови и најдобри информации во врска со Skechers и нејзините производи.

Информациите за телефонскиот број и бројот на кредитна картичка за кои Ве прашуваме кога нарачувате онлајн се користат само за завршување на нарачката, за потврдување на нарачката и за потврдување на испораката на нарачката. Потоа информациите се чуваат само за целите на побрзо плаќање (само за членовите на Elite) и не се користат за никаква друга цел.

Споделување информации со трети лица

Како што е опишано во оваа Политика за приватност, Skechers не ги продава, дава под наем и не тргува со личните информации кои ни ги обезбедувате онлајн или во нашите продавници, ниту пак ги споделува тие информации со трети лица.  Може да ги откриеме личните информации за вас на трети лица кои ни обезбедуваат услуги и кои се согласуваат да одржуваат доверливост на таквите информации во согласност со оваа Политика за приватност и да ги користат информациите само во врска со услугите кои ги обезбедуваат.

Примери за такви услуги вклучуваат обработка и авторизација на плаќање, заштита од измама и намалување кредитен ризик, специјализација на производ, исполнување и испраќање нарачка, маркетинг и дистрибуција на промотивни материјали, евалуација на веб - страница, анализа на податоци, и, каде што е применливо, чистење на податоците. Можеби ќе треба да ги споделиме личните информации со овие трети лица така што ќе можат да ги извршуваат овие услуги; меѓутоа, ги ограничуваме личните информации кои им ги даваме и ги овластуваме да ги користат овие информации само за целите на извршување на тие услуги.

Со продолжување со вашата онлајн - нарачка, Вие се согласувате дека и Вашето име и Вашата адреса и името и адресата за испорака (ако се различни) може да бидат проверени со трети лица како што се кредитни агенции. Ако обезбедувате име и адреса за испорака кои не се ваши, морате да имате дозвола од тоа лице да ни ги дадете неговите лични информации и дозвола да ги користиме за наведените цели.  Со обезбедувањето на информациите, Вие велите дека имате дозвола од него.

Споделуваме собрани демографски информации за нашата база на корисници со нашите застапници, вклучувајќи агенции или вендори - трети лица за да можат да обезбедат маркетинг - анализа и да консултираат за рекламни стратегии. Исто така, може да споделиме нелични информации (како што е бројот на корисници кои ја посетиле веб -страницата во конкретен временски период или кои купиле одреден производ преку веб - страницата) со нашите маркетинг - партнери, адвертајзери и други, одвреме-навреме.  Овие информации се споделуваат во збирна форма и неги идентификуваат поединечните корисници или нивните лични информации.

Можеме да објавиме лични информации ако веруваме дека: тоа се бара со закон или со законски процес; ако така не советувал нашиот застапник; ако сме добиле валидно административно барање од законските органи; или ако таквото објавување е потребно за да се заштитат правата, имотот или безбедноста на Skechers или на која било од нашите филијали, деловни партнери, клиенти или други.

Како и во секој бизнис, можно е нашиот бизнис да се развие, може да поминеме низ деловна транзиција, како што е интеграција, преземање од друга компанија, продажба на сите или на дел од капиталот или купување онлајн продавници или друг капитал. При ваквите трансакции, информациите за клиентите најверојатно ќе се пренесат. Ако се случи тоа, Вашите лични информации може да бидат откриени на друга компанија, но тоа откривање подлежи на важечката Политика за приватност, освен ако не сте се согласиле поинаку.

Е-пошта

Одвреме-навреме, Skechers комуницира со клиентите по е-пошта за да ги информира за промените на Skechers.com, специјалните понуди кои може да станат достапни, и други информации за кои Skechers верува дека се од интерес за посетителите на страницата. Skechers ќе Ви го испрати овој вид на е - пошта само ако сте одбрале да добивате е - пошта од Skechers и можете лесно да се отпишете од таа листа во било кое време со користење на опцијата откажување претплата која е достапна во долниот дел од сите маркетинг е – пораки.

Имајте предвид дека не можете да изберете да излезете од е - поштата при нарачка како што е опишано подолу.

Skechers исто така ја користи Вашата е - пошта за да ја потврди Вашата нарачка и да го следи праќањето на вашата нарачка, и да одговори на сите прашања кои ги поставувате онлајн. Бидејќи мора да комуницираме со Вас за нарачките кои ги пласирате, не можете да изберете да не добивате пораки по е - пошта поврзани со вашите нарачки.

Излегување / откажување претплата

Може да побарате да престанете да добивате комуникации од Skechers во секое време. Ве молиме користете ја опцијата за откажување претплата која е достапна во долниот дел од сите маркетинг е - пораки.

Без да е во спротивност со горенаведеното, не можете да изберете да не добивате е - пошта за нарачките како што е опишано погоре.

Пристап до Вашите лични информации

Skechers ќе Ви обезбеди пристап до личните информации кои сте ги дале на Skechers така што ќе Ви дозволи да ги откажете, видите, ажурирате, коригирате или да се спротивставите на обработувањето на Вашите информации.  За да ја заштитите Вашата приватност, Skechers презема чекори за потврдување на Вашиот идентитет пред да Ви даде пристап до Вашите приватни информации или да Ви овозможи да направите корекции.  Skechers ќе го постигне тоа преку користење лозинки и лични податоци.

Приватност на деца

Skechers води посебна грижа за заштита на безбедноста и приватноста на децата. Нашите веб - страници се страници за општа публика. Ние не дозволуваме никому кој е помлад од 16 години да се регистрира кај нас. Исто така, не испраќаме кореспонденција по е-пошта никому кој ќе ни каже дека е помлад од 16 години.

Децата помлади од 16 години треба секогаш да ги прашуваат нивните родители или старатели за дозвола пред да обезбедат какви било информации за контакт кому било онлајн. Ги повикуваме родителите и старателите да учествуваат во онлајн - активностите на своите деца и да применуваат родителска контрола или други технологии за веб - филтрирање за да го надгледуваат пристапот на нивните деца до интернет.

Безбедност

Skechers применува стандардни мерки на безбедност за да се заштити од загуба, злоупотреба и менување на информациите во нејзина контрола. Покрај тоа, користиме лиценциран систем за авторизација на кредитна картичка и за откривање измама. користиме стандардна SSL (Secure Sockets Layer) енкрипција за да ја заштитиме доверливоста на Вашите лични информации.

Безбедноста и сигурноста на Вашите информации исто така зависи од Вас.  Ако сте избрале лозинка за пристапување до одредени делови на нашата веб - страница, одговорни сте за чување на таа лозинка во доверливост. Не ја споделувајте Вашата лозинка со никого. Иако вложуваме напори во добра волја да ги чуваме информациите собрани од Skechers во безбедна средина, преносот на информациите преку Интернет не е целосно сигурен и ние не можеме да гарантираме целосна безбедност. Информациите собрани од Skechers се одржуваат онолку време колку што е соодветно на нашите потреби.